Презентиран проектот за гасификација во Битола

Од:

Во салата на Советот на Општина Битола се одржа презентација на преземените и предвидените активности за реализација на проектот
гасификација.

Градоначалничката Петровска истакна дека според постигнатата динамика, кон крајот на пролетта треба да биде изведен идејниот проект, по што следува издавање на градежна дозволаи поставување на првите цевки во градот.

„Првите конзументи би биле индустриските објекти кои што се наоѓаат на влезот од градот, како Млекарата, Цермат, Земјоделското училиште итн.

Презентација на проектот од аспект на управување со посебен осврт на:

проектниот тим, предизвициете, фазите, временската рамка, моменталниот статус и идните чекори даде Владимир Костурски, задолжен за реализација на проектот гасификација.

„Треба да се изградат над 3 километри гасоводна мрежа во вредност од околу 500.00 евра. Ова се проектантски цени, кои што може да бидат и пониски.

Но, реализацијата зависи од многу фактори, тука се временските услови, но и јавните набавки, од кои зависи временската рамка.

Се очекува, доколку се оди според предвидените рокови, изградбата да започне во втората половина од оваа година, во месец октомври или ноември.

Магистралниот гасовод е пред Битола, што би требало да биде речиси во паралелна изведба и со секундарната мрежа“, посочи Костурски.

Би можело да ве интересира

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Гори големо стрниште во околината на Битола

Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата

Битолчани – шампиони во селектирање отпад: Успешно одложени 1 милион парчиња амбалажа во 2024 година