Десет тима на студенти денеска на Машинскиот факултет во Скопје ќе ги презентираат резултатите од своите активности преку кои ќе се обидат да покажат различни димензии на науката, но и да ја истакната успешноста и важноста од поврзување на факултетите и студентите со индустријата и пазарот.
Проектот, кој е насловен Project Hub Импакт 2019- „Креирај, откри и придонеси“ е во организација на Машинскиот факултет Скопје и има цел да ја истакне потребата од градење соработка, размена на искуства, вмрежување и да изгради платформа преку која ќе ја развие можноста за инвестирање во младиот ум и иницијатива.