Презентација на кратки видео записи во врска со царинското работење

Од:

Царинската управа на Република Северна Македонија денеска ќе презентира кратки информативни видео записи во врска со царинското работење, кои се дел од проектот „Како подобро да се разберат царинските постапки“.

Видео записите се изработени од Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО од Скопје, под покровителство на KGH Douaneopleidingen (Customs Services Company) од Холандија и Nuffic – независна, непрофитна, холандска организација за интернационализација во образованието.

Овие видео записи се изготвени со цел олеснување на трговијата преку развивање на знаења и вештини на сите инволвирани во царинскиот процес на тарифно распоредување, царинска вредност, правила за потекло, инкотермс правила и учество на царината во приходите.

На презентацијата, што ќе се одржи во Стопанската комора, ќе се обратат директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, заменик амбасадор на Кралството Холандија Андри ван Менс и Бенедикт Меиле претставник од KGH Douaneopleidingen од Холандија.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ