Презентација на два труда на сесија на Клубот на истражувачи на НБРМ

Од:

Во Народната банка на Република Македонија се одржа 28. сесија на Клубот на истражувачи на која беа презентирани истражувачките трудови „Фактори кои влијаат врз продуктивноста на фирмите по промена на сопственоста: резултати од квазиекспериментално истражување“ од Филип Јолевски и „Анализа на структурните карактеристики на македонската економија: оцена на детерминантите на продуктивноста преку користење на податоци на ниво на фирми“ од Билјана Јовановиќ.

На презентацијата што се одржа вчера, се обрати вицегувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, а присутвуваше и гуверенрот на НБРМ Димитар Богов.

Во рамки на сесијата, меѓу присутните истражувачи се водеше и дискусија поттикната од изложените истражувачки резултати од трудовите на Филип Јолевски и Билјана Јовановиќ.

Следната сесија на Клубот на истражувачи ќе се одржи во јуни годинава.

Би можело да ве интересира

Во јануари годишен раст од 11,0% на депозитите, а 11,3% на кредитите

Европската централна банка ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења минатата година соодветствуваат со проекциите на Народната банка

ЕК формира Управувачки Комитет за СЕПА

А1он

Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата