Претседателот на ССК Арсовска панелист на 21. Евроазиски економски самит

Од:

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска на покана на претседателот на ФМА, д-р. Акан Сувер, ќе биде панелист на сесијата „Жени кои го менуваат светот“ на 21 Евроазиски економски самит, кој официјално започнува денес.

Самиот на највисоко ниво ги обединува атуелните и поранешни државници, претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедниците од 40-тина држави. Ќе се дебатира на значајни теми од денешницата како „Технологија наспорти политика“, „Паметни градови“, Климатски промени“.

Евроазискиот економски форум има за цел унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од централна Азија и Блискиот Исток,како јакнење на економските врски, подобрување на регионалната соработка со цел да помогне во максимизирање на можностите што ги создава процесот на глобализација и минимизирање на неговите негативни ефекти.

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија Арсовска е прва жена претседател на национална комора на Балканот и втора година по ред е панелист на овој стратешки економски самит, кој се организира од 1998 година.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата