Претседателот Анибал Каваку Силва побара вчера од владејачката коалиција и опозициските социјалисти итно да постигнат спогодба за планот за реформи, кои се услов за одобрениот спасувачки кредит.
Според претседателот многупартискиот договор треба да вклучува датум за предвремени избори, чија подготовка ќе се совпадне со излегувањето на земјата од кризата и враќање на пазарите, планирано за јуни следната година.
Доколку Владата успее да ги заврши своите обврси до тој рок, следните редовни избори во Португалија ќе бидат на крајот на 2015 година.
Минатата недела во владејачката коалиција на Социјалдемократската и Народната партија изби спор по повлекувањето на министерот за надворешни работи Паулу Порташ од помладиот партнер Народната партија. Конфлиткот во коалицијата претставува закана за мерките, планирани согласно кредитната линија од 78 милијарди евра, отпуштени од ЕУ и ММФ.