Претпријатијата лани со поголем промет за 6,4 отсто

Од:

Македонските деловни субјекти во текот на 2017 година оствариле за 6,4 проценти поголем промет и за 4,8 проценти зголемена додадена вредност во однос на претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Спроед објавените податоци 55.203 пазарно-ориентирани деловни субјекти од областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности оствариле вкупен промет од 1.192.284 милиони денари и додадена вредност од 260.285 милиони денари, а за ангажираните 385.728 вработени лица, издвоени биле 126.371 милион денари.

Најголем промет е реализиран од секторот трговија на големо и мало 41,6 отсто, а по него следат секторот преработувачка индустрија 26,9 отсто, градежништво 7,2 отсто, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација седум отсто и секторот транспорт и складирање со 5,9 отсто .

Секторот на преработувачка индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 26,6 отсто, следен од секторот трговија на големо и мало 23,5 отсто. Според податоците иако намалено, во однос на претходната година, значително учество во додадената вредност имаат и секторите градежништво 10,3 отсто, транспорт и складирање 8,2 отсто и снабдување со електрична енергија, гас и пареа 6,5 отсто.

Во однос на големината на претпријатијата доминираат микро претпријатијата со помалку од 10 вработени со учество од 90 отсто, речиси половината од нив од областа на трговијата. Со ангажирани 31,9 отсто од вкупно вработените, создале 20,8 отсто од вкупната додадена вредност. Од друга страна, големите претпријатија со учество од само 0,3 отсто, но со ангажирани 25,2 отсто од вработените, создаваат најголема додадена вредност 36,3 отсто во рамките на деловниот сектор и тоа главно во секторот преработувачка индустрија 13,7 отсто.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он