Препораки за компаниите и агенциите за новата верзија на Гугл Хром

Од:

Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија, излезе со препораки за компаниите, огласувачите и издавачите со промените и трендовите кои што доаѓаат во оваа индустрија по најавата на Интернет компанијата Гугл дека утре ќе ја објави новата верзија на својот прелистувачот Хром со вграден AdBlocker, кој автоматски ќе блокира несоодветни рекламни формати.

– Следејќи ги најавените промени од страна на Гугл дека од утре интернет прелистувачот Хром ќе блокира и нема да прикажува одредени формати на огласување кои се категоризирани како наметливи и непосакувани, а со цел подобро корисничко искуство и подобри огласни решенија, во иднина кога ќе се подготвувате за реализација на дигитална кампања во предвид да ги земете препораките објавени на страната на Coalition for Better Ads за огласни решенија достапни на следниов линк.”, вели претседателот на ИАБ Македонија, Борис Ефтимовски.

Оваа промена, додаваат, е значајна за сите онлајн медиуми, огласувачи и маркетинг агенции, како и за самите посетители.

ИАБ Македонија ја поддржува оваа промена, бидејќи е поттикната со цел pодобрување на корисничкото искуство и ставање на малку ред во дигиталното огласување. Промената е поттикната од коалицијата Coalition for Better Ads во која членуваат едни од најголемите компании во светот како Гугл, Мајкрософт, Унилевер, како и ИАБ, во чија глобална мрежа учествува и ИАБ Македонија.

Листа на форматите кои ќе бидат опфатени ќе пронајдете на следниов линк https://www.betterads.org/standards/.

ИАБ Македонија е здружение формирано од страна на повеќе дигитални и маркетинг агенции во Македонија.

Би можело да ве интересира

Google Street View повторно на улиците на Северна Македонија

A1on

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

Продажбата на реклами на Гугл му донесе на Алфабет рекордна заработка во третиот квартал

Ана Ололовска

Компанијата-мајка на Гугл има најдолг период на раст на вредноста на акциите од 2009 година

Ана Ололовска

Италија го казни Гугл со над 100 милиони евра

Ана Ололовска

Пандемијата драстично ги зголеми приходите на Гугл остварени од дигитално рекламирање

Ана Ололовска