Премиерот Груевски и владин тим во посета на Литванија

Од:

Премиерот Никола Груевски, заедно со владина делегација која ја сочинуваат министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и заменик министерот за економија Христијан Делев, денеска ќе престојува во политичка и економска посета на Република Литванија.

Како што соопшти владината прес-служба, македонскиот премиер ќе има средба со литванскиот колега  Алгирдас Буткевичиус и со претседателот на Парламентот, Видас Гедвилас.

Премиерот Груевски и владината делегација ќе присуствува и ќе ги презентира можностите и поволностите за инвестиции во Македонија на бизнис форумот во Вилнус, кој е организиран во соработка со Стопанската комора на Литванија.

Трговската размена меѓу Македонија и Литванија во изминатите години има тенденција на зголемување. Во  2012 година, вкупната трговска меѓу двете земји изнесувала 4,3 милиони американски долари, од кои извозот  2,5 милиони американски долари, а увозот 1,8 американски долари. Во периодот од јануари  – април 2013 година, размената изнесува 840 илјади американски долари, од кои извозот 539 илјади американски долари, а увозот 301 илјади американски долари.

Литванија е поддржувач на ЕУ и НАТО интеграциите на Македонија. На 1 јули 2013 година Литванија прв пат го презеде претседавањето со Советот на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

СДСМ: Владата итно да обезбеди целосна рамноправност меѓу вработените во јавниот сектор

ВИДЕО: За Владата протестите на УПОЗ се незаконски и политички мотивирани

Катерина Ѓуровски

Законот ќе биде доработен и вратен во Собрание, најавуваат од Владата по ветото на Сиљановска

Катерина Ѓуровски