Изминатава година преку 1.000.000 граѓани беа опфатени со МСИП – Проектот за подобрување на општински услуги. Со проектот се финансираат капитални инвестиции во општините со цел да се подобри животот во нив, а истиот се спроведува од Министерство за финансии со поддршка од World Bank Republic of North Macedonia, објави на својот Фејсбук профил министерката за финансии Нина Ангеловска.
– Изминатите 12 месеци со проектот е започната или завршена изградба/реконструкција на: училишта во Општина Гевгелија, Општина Велес и Липково, градинки во Центар, Општина Гостивар и Општина Кисела Вода, детско игралиште и скејт парк во Општина Ѓорче Петров и Општина Илинден, Дом на култура во Демир Капија, водоводи и канализација во Кривогаштани и Гевгелија, локални улици и патишта во: Желино, Сопиште, Карпош,Радовиш, Демир Хисар, Кисела Вода, Шуто Оризари, Кавадарци, Василево, Кочани, Ѓорче Петров и Општина Битола, наведува Ангеловска.
Намавени се и механизација, општински возила и друга општинска инфраструктура во Градот Скопје и повеќе други општини низ земјава.
Целта на МСИП е преку подобрување на општинските услуги во сите општини, да се подобрат условите за живеење на граѓаните.