Предлог од ММФ за грчкиот долг

Од:

Меѓунардниот монотарен фонд (ММФ) предлага грејс период до 2040 година и продолжување на рокот за отплата на грчкиот долг, објави весникот „Волстрит џурнал“.

Според извори на весникот, предлогот на ММФ им бил претставен на партнерите од еврозоната на Грција кон крајот на минатата седмица.

Високи претставници кои биле вклучени во разговорите велат дека ММФ сакала рокот за исплаќање на дологот да биде пролонгиран до 2080 година.

Фондот дал предлог каматата на позајмицата да биде фиксна во наредните 30-40 години, односно 1,5 отсто.

Во текстот уште се наведува дека предлогот на ММФ, даден на владите на земјите од еврозоната, има за цел Грција да ја задржи ратата за долгот под 15 отсто од годишниот БДП.

Кон крајот на оваа седмица ЕП ќе гласа за рестриктивните мерки, побарани од кредиторите, со цел да ја финализира својата проценка за грчките реформи.

Соодветниот закон со овие мерки ќе биде доставен до парламентот најдоцна до утре.

На 24 мај ќе одржат средба претставниците од еврогрупата, и непосредно по средбата се очекува да биде започната процедурата за исплата на третиот спасувачки пакет за Грција, во вредност од 86 милијарди евра.

Се очекува парите да бидат исплатени во јуни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он