Предлог-буџетот за 2017 година доставен до Владата

Од:

Предлог-буџетот за 2017 година е доставен до Владата на Република Македонија и се очекува во текот на денешниот ден или утре Владата да одржи седница на која ќе расправа со цел финално да го усвои и потоа да го прати во собраниска постапка.

Ова го истакна портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција.

Тој посочи дека како и досега чинот на усвојување на Предлог-буџетот ќе биде транспарентен, а министерот за финансии Кирил Миновски ќе ги образложи приоритетите и конструкцијата којшто го предлага за наредната година.

Нагласи дека ќе следи и прес-конференција од страна на министерот за финансии по усвојувањето на Предлог-буџетот од страна на Владата.

Прашан каков е ставот на Владата за предлогот на СДСМ за воведување двојазичност на целата територија на Македонија, Ѓорѓиев рече дека Владата нема расправано за најновата иницијатива на СДСМ.

– Но, имајќи ја во предвид позицијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која е главна, носечка, стожерна партија во владината коалиција, овој предлог којшто го истакна СДСМ за двојазичноста не би поминал на владина седница во ваков состав, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Буџет од 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, вели Мицкоски

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски