Повторно зголемени цените на нафтата

Од:

Цените на нафтата повторно се зголемија во азиската трговија поради немање знаци за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, додека пазарите продолжуваат да стравуваат за недоволно снабдување, наведува Си-Ен-Би-Си.

Поради тие трендови, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) на крајот на минатата недела повика на брзо намалување на потрошувачката на нафта.

Фјучерсите на двете референтни сорти на нафта утрово пораснаа за повеќе од 3 отсто. Северноморскиот брент беше 111,46 долари за барел, а американската лесна сурова нафта на 108,25 долари за барел.

Цените на нафтата беа нестабилни во последните недели, достигнувајќи рекордни м аксимални вредности во март и паднаа за повеќе од 20 отсто до нешто под 100 долари за барел минатата недела. На крајот на неделата повторно се зголемија и повторно го поминаа тој праг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста