Потпишани четири договори на компании од Македонија и Бугарија, вредни над три милиони евра

Од:

На иницијатива на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денес во Скопје се одржа бизнис-форум насловен „До една милијарда и понатаму.“

На панели каде активно учествуваа претставници од стопанските комори, од ресорните институции и бизнис-заедницата на двете држави, со присуство на повеќе од 150 компании, се дискутираше за теми од сферата на енергетиката, инфраструктурата, земјоделството, туризмот, ИТ и индустрискиот развој.

„Оваа година, само во првите три квартали имавме раст од преку 50%, со што трговската размена надмина 700 милиони евра, а проекцијата покажа дека оваа година ќе се надмине и прагот од една милијарда евра“, потенцираше Османи во своето воведно обраќање.

Таквиот позитивен тренд се случува и покрај фактот што инфраструктурната поврзаност не ја олеснува оваа динамика, но деловните субјекти на двете земји наоѓаат начини да соработуваат. Во таа насока сигурно ќе помогнат и реактивираните меѓуресорски работни групи, за што е договорен календар на активности и средби.

„Пред нас е декада во која нашите проекции се Северна Македонија да го исполни и вториот стратешки приоритет и да стане полноправна членка во ЕУ. Не гледам зошто да не си поставиме амбициозна но остварлива цел: во овој период, оваа една милијарда да ја дуплираме. Тоа не се прави со чекање, ниту само со амбицијата на бизнисите, туку и преку создавање соодветни услови за бизнисот: инфраструктурно и енергетско поврзување; изградбата на пругите, патиштата; отворањето нови гранични премини, поттикнувањето на меѓу граничната соработка итн.“, нагласи Османи.

Во рамките на бизнис-форумот беа потпишани четири договори на компании од двете земји, вредни над три милиони евра.

Би можело да ве интересира

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

A1on

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Милков: Софија и Скопје нема заеднички да го одбележат 4 мај

Ана Ололовска

Ковачев контра Османи во европарламентот: Во Македонија има 120.000, а не 3.500 Бугари

A1on

Османи: Какви ќе бидат уставните измени е точно наведено во билатералниот Протокол потпишан со Бугарија

Ана Ололовска