Потпишан Меморандум за соработка меѓу РКЕ и РЕГАГЕН

Од:

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Северна Македонија (РКЕ) и Регулаторната агенција за енергетика и водни услуги на Црна Гора (РЕГАГЕН) потпишаа Меморандум за соработка. Методологиите за утврдување на тарифи за електрична енергија и водни услуги, заштита на потрошувачите како и институционалниот развој низ призма на градење на професионални капацитети се дел од интересот на кој се фокусира регулаторната соработка, соопшти РКЕ.

– Градењето на професионални капацитети е приоритет за нас регулаторите. Формирањето на цени се чини како едноставен процес, но во суштина бара исклучителна експертиза не само од технички аспект туку и од економски и правен. Цените што ги носиме треба да обезбедат сигурна, стабилна и непречена испорака на енергенси / односно снабдување со вода, но во исто време цената треба да биде прифатлива за потрошувачите, воедно да ги заштити и ранливите категории. За да се реализира успешно овој комплексен процес неопходно е континуирана надоградба и едукација на вработените – и тоа е единствениот правилен пат како се градат професионални регулаторни капацитети, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Регулаторната работилницата е втора по ред која се одржува помеѓу РКЕ и РЕГАГЕН.

– Потпишувањето на меморандумот со РКЕ е формализирање на нашата долгогодишна соработка. Пандемијата и енергетската криза ни покажаа дека сите заедно – земјите од регионот се соочуваме со исти предизвици. Синхронизираниот пристап во делувањето се наметна како природен чекор посебно во турбулентно време. Размената на искуства не е само декларативна заложба, има практично влијание во креирање на решенија кои се предуслов за сигурна, стабилна и непречена испорака на електрична енергија и вода, иистакна Бранислав Прелевиќ, претседател на одборот на РЕГАГЕН.

Претходно, РКЕ потпиша Меморандум за соработка во областите: енергија, вода и отпад и со Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY).

Би можело да ве интересира

Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Сајбер-заштитата станува приоритет во енергетиката, РКЕ најавува дигитализација и паметни броила

ВИДЕО: Левица бара укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Поскапува струјата, Регулаторна ги соопшти новите цени

Катерина Ѓуровски

РКЕ не очекува било какви поместувања на цената во делот на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија

РКЕ ги издаде првите лиценци за батериски систем за складирање електрична енергија од обновливи извори