Приштина и Скопје постигнаа договор за надминување на трговската криза и слободно движење меѓу двете земји.
– Потврда за ова доаѓа од кабинетот на потпретседателот на косовската влада, Харедин Кучи, кој денеска имал интенизвни консулатаиции и комуникации со официјално Скопје за да се најде решение во врска со ембаргото од косовска страна за производите од Македонија, а од друга страна да се укине влезната такса за граѓаните на Косово, која се применуваше како противодговор од македонска страна, објави онлајн-изданието на приштинскиот весник „Експрес“.
Дритан Лајчи, советник на Кучи, изјавил за „Експрес“ дека се уште нема класичен договор, но има согласност да се врати состојбата каква што беше пред донесувањето на одлуките за ембарго и влезна виза.
– Договор во класична форма нема, туку договор за враќање на состојбата како порано, како што беше пред блокадата, изјавил Лајчи.
Според него, доколку оди се како што е планирано, во текот на денов двете влади ќе излезат со официјални соопштенија од кабинетите на премиерите, Тачи и Груевски.