Поскапуваат горивата за еден денар

Од:

Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката на РКЕ, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 82 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,50 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 59 денари.
Поскапува и мазутот М-1 НС за 0,193 денари и килограм од тој енергенс ќе се продава за 41,603 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, во просек е за 1,23 проценти.

РКЕ ја донесе одлуката за зголемување на цената на нафтените деривати врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и односот на курсот на денарот во однос на доларот.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат бензините

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Од полноќ нови цени на горивата

Нови цени на горивата

Нови цени на горивата

Поевтинуваат дел од горивата