Поскапува мазутот

Од:

Малопродажните цени на бензините, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од вечерва на полноќ се зголемува за 1,164 ден/кг и изнесува 43,639 ден/кг, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

РКЕ, информира дека со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 % во однос на одлуката од 10.6.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,735%, кај дизелот зголемување 3,460%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,460% и кај мазутот зголемувањето е за 3,375%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,335%.

Од 14.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 43,639 (денари/килограм)

Од РКЕ, напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.6.2024 година и дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Би можело да ве интересира

Поевтинуваат горивата

Поевтинува мазутот, бензините со непроменета цена

Нови цени на горивата

Горан Наумовски

Поскапува мазутот

Поскапуваат горивата

Поевтинуваат горивата

Горан Наумовски