Цените на сировата нафта денеска пораснаа, поттикнати од добрите резултати во преработувачките сектори на двете најголеми светски економии-САД и Кина.
Нафтата за ориентациска испорака во март, во електронското тргување на Њујоршката берза, поскапе за 26 центи, на 96,70 долари за барел, јавија американските медиуми.
Во Лондон европската марка „брент“, што се користи за одредување на цената на различните типови странска нафта, поскапе за два цента, на 113,50 долари за барел.
САД вчера соопштија дека побарувачката на долготрајни добра од преработувачкиот сектор во декември била значително зголемена. Покрај тоа, напредувал и секторот за недвижнини, а големите компании забележаа добри деловни резултати.
Бројни аналитичари сметаат дека бавното заздравување на американската економија ќе фати замаец до 2014 година.