Пораст на трошоците на живот во март

Од:

Трошоците на живот мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка во март годинава во однос на февруари бележат раст од 0,1 отсто, а во однос на март лани 3,1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика  во март 2013, во однос на февруари 2013 пораст на индексите е забележан во групите Здравје за 2,2 отсто, Транспорт за 0,7 отсто, Ресторани и хотели за 0,3 отсто, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,2 отсто, Рекреација и култура и Останати стоки и услуги за 0,1 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1 отсто, Облека и обувки за 0,7 отсто и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,3 отсто.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: aлкохолни пијалаци, тутун, комуникации и образование.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он