Цените на угостителските услуги во првите три месеци од годинава бележат пораст од 0,5 отсто, во однос на овој период лани, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците пораст од 0,5 отсто е забележан на цените во однос на март лани, во однос на декември 2012 година пораст од 0,2 отсто, а во февруари годинава во однос на претходниот месец не бележат промена.
Споредено по групи на услуги, во февруари во однос на јануари годината намалување е забележано во групата Храна за 0,1 отсто.