Пораст на цени на мало и трошоците на живот

Од:

Цените на мало во април годинава во однос на претходниот месец бележат пораст од 0,9 отсто, а трошоците на живот пораст за 1,3 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, порастот на трошоците на живот се резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 31,1 отсто, овошјето за 4,6 отсто, цигарите за 3,5 отсто, јајцата за 1,8 отсто, свежото и киселото млеко и преработките од млеко за 0,7 отсто, преработките од овошје и алкохолните пијалоци за 0,3 отсто и месото и кондиторските производи за 0,2 отсто.

Во април, пораст на трошоците на животот е забележан и кај меѓуградскиот превоз на патници со автобус за 5 отсто, авионскиот превоз на патници за 4,6 отсто, ПТТ-услугите за 1,9 отсто, сообраќајните средства за 0,7 отсто, здравствените услуги за 0,5 отсто, услугите за лична хигиена за 0,4 отсто и останати услуги неспомнати на друго место за 0,3 отсто.

Намалување на индексот на трошоците на животот во април 2013 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај преработките од риба за 1,4 отсто, другите прехранбени производи за 0,3 отсто и преработките од месо за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива и гасот за домаќинствата за 3,1 отсто, нафтените деривати за 2,8 отсто и мебелот и средствата за хигиена за 0,2 отсто.

Цените на мало во април 2013 година, во споредба со април 2012 година, бележи пораст од 0,9 отсто, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 3,3 отсто.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он