Романскиот премиер Виктор Понта изјави дека буџетот за 2015-2016 година предвидува задржување на рамниот данок од 16 проценти.
– Единственото нешто за кое решаваме во овој момент е дека веќе од следната година би можел да се намали Данокот на додадена вредност за овошјето, зеленчукот и месото на девет отсто, истакна Понта.
Тој нагласи дека од податоците, кои вчера му биле доставени од страна на министерот за финансии, јасно се гледа дека првпат во современата историја на Романија, од буџетот биле потрошени помалку средства, отколку што биле собрани.
– Првпат во современата историја на Романија е потрошено помалку отколку што е собрано во буџетот. Тоа значи дека на новата влада нема да и бидат оставени никакви долгови за плаќање, додаде Понта.