Пола Скопје утре без струја

Од:

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека поради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија утре без струја ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров, Карпош, Шуто Оризари и Центар.

Без напојување со електрична енергија од 9:30 до 15:30 часот ќе останат улиците „49“ и „51“ во близина на Техногас, општина Ѓорче Петров.

Од 8 до 15:30 часот без струја ќе остане улица „49“ во Агино Село и жителите кои живеат во близина на игралиштето, како и дел од улица „Кичевска“.

Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Козле“ и „Милан Марковиќ“, од 8:30 до 10:30 часот корисниците од улиците „Брсјачка Буна“, „Гарсија Лорка“ и „Морава“, а од 11 до 15 часот корисниците од хотел „Вергина“-улица „Скупи“.

Според соопштението на РЦУК, од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Букурешка“ и „Варшавска“, а од 9 до 12 часот улиците „Периша Савелиќ“, „Салвадоре Аљенде“ и Ташино Чешмиче.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство