Поевтини електричната енергија за домаќинствата

Од:

Тарифните потрошувачи од денеска ќе плаќаат поевтина електрична енергија за 4,48 отсто, односнo по средна вредност од 4,731 денар за киловат час. Одлуката за намалување на цената на струјата за домаќинствата ја донесе Регулаторната комисија за енергетика во петокот, а ќе важи до 1 јули идната година.

Регулаторната комисија за енергетика првично предложи цената на електричната енергија за тарифните потрошувачи од 1 јули да се намали за 5,24 отсто односно средната цена за киловат час електрична енергија да изенсува 4,483 денари , но забелешки на предлогот доставија сите енергетски компании, а најгласна беше ЕВН Македонија.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Димитар Петров посочи дека најголема улога во намалувањето на цената на струјата имаат корекциските фактори на приходи на енергетските компании, а помалку влијаело намалувањето на цената на струјата на светските берзи.

ЕВН Македонија во петокот преку соопштение до медиумте изрази загриженост од последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

– ЕВН Македонија не бараше зголемување на цената на електричната енергија, но не ни очекуваше дека ќе има толку големо намалување и тоа токму и само во делот на ЕВН со што директно се загрозува стабилноста на компанијата, но и на енергетскиот сектор во целина. Големото намалувањето на цената за дистрибуција и снабдување, во комбинација со истовременото зголемување на цената на производството и преносот кај енергетските компании во државна сопственост, сериозно го загрозува работењето на ЕВН Македонија што значително ќе се одрази на ликвидноста на компанијата, прецизира компанијата во своето соопштение.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите