Поевтината нафта овозможува преразгледување на буџетските политики

Од:

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од Г-20 сметаат дека намалувањето на цените на нафтата ќе им овозможи на нивните држави да ги преразгледаат буџетските политики, се наведува во нацрт-декларацијата што треба да биде усовена на денешниот состанок  во Истанбул.

Драстичниот пад на цените на нафатата ќе му даде одреден поттик на растот на светската економија, но со различни последици за поединечни земји.

Специјално падот на цената ќе ја зголеми куповната моќ на земјите увезувачи и ќе изврши притисок за намалување на инфлацијата, дури привремено, се вели во документот, кој треба да биде усвоен на денешниот состанок на министрите за финансии и гувернерите на централните банки.

Во документот исто така е посочено и дека земјите од Г-20 ќе ја зајакнат соработката во борбата со финансирањето на тероризмот.

Учесниците на состанокот на најбогатите земји ги повикуваат сите земји да го забрзаат процесот на усогласување на нивите закони со меѓународните норми, особено во сферата на размена на информации и замрзнувањето на сметките на терористите.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол