Подрачните единици на МЗШВ ќе работат и викендов за поднесување барања за субвенции

Од:

За да им се излезе во пресерет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе работат и викендов.

Рокот за аплицирање за Програмата за директни плаќања за 2020 година истекува на крајот од месецов, на 31 јули.

-Со цел да им излеземе во пресерет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, сите подрачни единици ќе работат и за време на викендот (сабота и недела) до истекување на рокот за доставување на апликациите. Поднесувањето на барањата може да се врши електронски, односно самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страницата на Агенцијата за финанисиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ( www.ipardpa.gov.mk), каде што е ставено упатството за аплицирање, наведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош при пополнување на електронските барања, можат да се обратат во подрачните единици.

На веб страната на Министерството за земјоделство се објавени и телефонските броеви на раководителите на подрачните единици за земјоделците да имаат можност и телефонски да побраат помош.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп