Од денеска почнуваат отворените денови на Централниот регистар на Република Македонија на кои граѓаните и правните субјекти ќе имаат можност да добијат информации за сето она што ги интересира, а е поврзано со работата на оваа институција.
Акцијата ќе се реализира во сите 11 регионални канцеларии на Централниот регистар во кои тимови од стручни лица ќе им бидат на располагање на граѓаните. Отворените денови почнуваат во Велес, а распоредот за следните денови ќе биде објавен на веб страницата на Централниот регистар.
Од Централниот регистар очекуваат најмногу прашања во врска со актуелното бришење на компаниите согласно последните измени на Законот за трговски друштва, но и прашања за новините што се спроведуваат во Регистарот и за задолжницата како инструмент за обезбедување на побарувањата.