Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар до 25 март

Од:

Централиот регистар го продолжи рокот за доставување годишна сметка до 25 март 2021 година.

-Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка известуваме дека Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25.03.2021 година до 24 часот, информираат од Централниот регистар.

Ваквата одлука за пролонгирање на рокот, како што наведуваат, се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови.

Потенцираат дека одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва.

Од Централниот регистар наведуваат дека заклучно со вчерашниот ден, 11 март над 90 отсто од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, но, посочуваат, сепак Централен регистар како сервисно ориентирана институција, секогаш е подготвена да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.

Би можело да ве интересира

„Цар Борис трети“ избришан од Централен регистар

Орце Костов

Централниот регистар го продолжува рокот за поднесување годишна сметка

Ана Ололовска

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување пријави за локалните избори

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во функција Национален регистар на вистински сопственици

Ана Ололовска

Централниот регистар со нов портал

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во 2019 година пет финансиски институции и шест осигурителни компании имале загуба

Ана Ололовска