Почнува постапката за бришење на 30.000 фирми

Од:

За 30 илјади фирми почнува постапката за бришење со тоа што им се дава можност на оние кои предвидуваат стечајна постапка за тоа да го известат Централниот регистар во рок од една година.

– Тие не се бришат веднаш, туку почнува постапката за бришење со тоа што им се дава можност на сите оние кои предвидуваат стечајна или ликвидациска постапка во текот на една година да го известат Централниот регистар за тоа. Тоа е направено најмногу заради заштита на доверителите, односно доколку има можност тие да ги наплатат своите побарувања. Оние за кои нема да добиеме известување дека ќе почнат ликвидациска постапка по истекот на една година ќе бидат избришани, истакна директорот на Централниот регистар Андреа Поповски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната средба со Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори.

Измените на Законот за трговски друштва што стапија на сила од 1 јануари годинава, предвидуваат два услова за бришење – доколку субјектот нема поднесено годишна сметка и доколку нема запишано емаил адреса до 31 декември 2014.

Би можело да ве интересира

„Цар Борис трети“ избришан од Централен регистар

Орце Костов

Централниот регистар го продолжува рокот за поднесување годишна сметка

Ана Ололовска

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување пријави за локалните избори

Ана Ололовска

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар до 25 март

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во функција Национален регистар на вистински сопственици

Ана Ололовска

Централниот регистар со нов портал

Ана Ололовска