По Шпанија и Словенија ќе бара евра од ЕУ

Од:

Постои можност и Словенија да биде принудена да бара помош од Европската уника, како што тоа неодамна го направи Шпанија. Растечката потреби за рекапитализација на банкарскиот сектор во повеќе прераснува во „темпирана бомба“.

Според пресметките, високите каматни стапки на досегашниот долг и проблемите со рекапирализацијата на банкарските биланси, оптеретени од слабите кредити се главните причини поради кои Словенија ќе бара евра.

Банките наводно имаат долг од 4 милијарди евра, или 8 % споrед нивниот биланс, состојба која е многу слична на ситуацијата во Шпанија.

Експертот за финансии од Словенија Примож Сенсељ вели дека околу 3,5 милијарди евра, средства од Фондот ќе бидат доволни привремено да ги решат проблемите во своите банки.Тоа ќе биде поефтиното решение за Словенија да ја заштити европската валута отколку да го кредитира финансискиот пазар, каде што десетгодишните словенечки обрзници имаат каматна стапка помеѓу 5,5 и шест проценти.

И покрај тоа што има помали буџетски дефицити и долгови отколку некои други земји во еврозоната, сепак Словенија плаќа поголеми камати поради проблемите во банкарскиот сектор.

 

 

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски