По празниците, Владата ќе не задолжи со нови 134 милиони евра

Од:

За првиот работен ден по Велигден, Владата ќе не задолжува кај домашните банки и фондови, со дури 133,6 милиони евра. Владата има најавено неколку аукции за државни хартии од вредност, објави „Утрински весник“.

Дали ќе успее да собере толку голема сума, засега е неизвесно, со оглед што уште на претходната аукција ги намали каматните стапки на сите државни хартии од вредност, па банките не се покажаа како премногу расположени да кредитираат за таква заработка, така што државата не успеа да ја позајми целата сума што ја бараше.

И додека Владата не се стега премногу во зајмењето банкарски пари на домашен терен, растот на државниот долг не запира и во третиот месец од годинава.

„Според најновите податоци на Министерството за финансии, на крајот на март долгот на централната Влада се искачил на 33,9 отсто од БДП. Ова задолжување покажува дека странските кредити од околу 290 милиони евра што беа земени во почетокот на годинава, во овој период по се’ изгледа не се доволни да го покријат буџетски дефицит што се отвори од почетокот на годинава. А тој покажа загрижувачки пораст за првите три месеци, искачувајќи се на 186 милиони евра, или 64,5 отсто од вкупниот дефицит што за цела година смее да го направи државата“, пишува „Утрински весник“.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами