Платите во Велика Британија растат со побрзо темпо од цените, што е позитивен развој на ситуацијата за тамошните домаќинства.
Според податоците на британската канцеларија за статистика, просечната неделна заработувачка за три месеци, заклучно со февруари се зголемила за 2,8 отсто во однос на истиот период минатата година.
Тоа е над инфлацијата од 2,7 отсто регистрирана овој месец и укажува на тоа дека притисокот врз приходите на домаќинствата, кој го предизвика Брегзит, се приближува кон крајот.
Централната банка на Англија најави дека на 10 мај, на следната седница, може да ја зголеми клучната каматна стапка за четвртина процентни поени на 0,75 отсто со цел да ја приближи инфлацијата кон својата цел од два отсто.