Пешевски: Остануваме на проекциите за економски раст, но треба да бидеме внимателни

Од:

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски е внимателен оптимист околу очекувањата за економските движења во државата во следниот период од годината.

– Секогаш треба да се биде внимателен. Ние остануваме на проекциите што ги имаме во однос на севкупниот економски раст, но треба да се биде внимателен. Сепак, закрепнувањето и стабилизацијата во Европската унија се уште не е на толку цврсти нозе за да бидеме сигурни. Во случајот на Македонија секогаш има период на доцнење, односно и кога почнуваше кризата, кај нас дојде малку подоцна, така што и кога ќе замине од земјите од Европската унија, кај нас закрепнувањето ќе дојде за нијанса подоцна, изјави денеска Пешевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Неодамна, Државниот завод за статистика излезе со податоци за раст на индустриското производство во јули за 3,9 проценти и за 2,2 проценти во првите шест месеци од годинава.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата