Пешевски: Македонија успешно се справува со кризата

Од:

На тркалезната маса за Извештајот на ЕУ 2012 насловена „Политичкиот и економскиот напредок на Македонија”, вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски изјави дека Македонија и покрај тоа што се уште не е членка на Европската унија, успешно се справува со кризата.

„Македонија кога ќе биде членка на Унијата ќе биде фактор на стабилност и мора да биде погласна во своите барања. Позитивно е оценета деловна клима во земјава, како и конкурентноста, а забележан е напредок и кај трансевропските мрежи“, рече Пешевски.

Вицепремиерот додаде дека е потребно да се вложат напори за да се намали невработеноста и да се подобри квалитетот на работната сила, но исто така нагласи дека во новиот извештај на Европската комисија забележани се голем број позитивни аспекти, особено во политичките и економските критериуми.

Би можело да ве интересира

Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата

Разрешница за промените во Владата по заминувањето на Таравари ќе има следната недела

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи