Пешевски: Измените на Законот за ТИРЗ во интерес на инвеститорите

Од:

Измените на Законот за технолошко-индустриски развојни зони се прават за да се зголеми интересот и да им се излезе во пресрет на инвеститорите, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

– Има инвеститори кои сакаат да управуваат со зоните, да земат една или друга зона или да формираат зона на локација која не постои. Честопати за да обезбедат и финансирање, потребно е да им покажат на своите инвеститори и банки дека поседуваат сопственост врз земјата. Од тие причини го правиме тоа, појасни Пешевски, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на денешната меѓународна конференција за општествена одговорност во Скопје.

Најави дека ќе има одредени критериуми за оние што ќе бидат заинтересирани, но тие се уште се дефинираат.

Измените на Законот за технолошко-индустриски развојни зони се на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања.

Би можело да ве интересира

МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економските раст, борбата со корупцијата и сивата економија

А1он

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

А1он

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната