Пандемијата може да ја зголеми нееднаквоста во Европа

Од:

Европа се уште е регион со највисока еднаквост во светот, но кризата со коронавирусот може да ги зголеми разликите во приходите, предупредуваат француските економисти и повикуваат на запирање на намаленото оданочување на компаниите.

Заклучоците на Париската лабораторија за светска нееднаквост (WIL) се издадени во време кога Европската унија расправа за прифаќање на планот за обнова, вреден 750 милијарди евра, и е клучен за ублажување на драматичните економски последици од корона кризата, пренесува Хина.

Заклучоците од најновата анализа на WIL, основана на Париското школо за економија и кооснована од економистот Томас Пикети, кој ја проучува нееднаквоста во светот, не се неповолни за Европа.

Нееднаквоста во Европа останува најниска во светот.

Во 2019 година, приходите на 10 проценти од најбогатите во Европа сочинуваат 35 проценти од вкупните приходи, а на 10 проценти од најбогатите на Блискиот исток, каде нееднаквоста е најголема, 56 проценти од вкупните приходи.

-Во Европа има зголемување на нееднаквоста од 80-тите години на минатиот век, но тоа е многу помалку изразено отколку во САД. Европа се спротивстави на меркантилизацијата на сите аспекти на општеството, се уште е остров на релативна еднаквост во светот, рече Лукас Шансел од Париската школа за економија.

Ова се објаснува со политиките за прераспределба на приходот, но и со одлуката за финансирање на инфраструктурата и квалитетните јавни услуги, бесплатни или евтини, како и регулирањето на пазарот на трудот.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани