Пандемијата ја поскапува храната – светските цени растат седум месеци по ред

Од:

Светските цени на храната во декември 2020 година продолжија да растат седми месец по ред, со пораст кај сите клучни категории намирници, освен шеќерот, објави денеска Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на ФАО, ги мери месечните промени на цените во кошницата за основни прехранбени производи, која се состои од житарици, маслодајни семиња, млечни производи, месо и шеќер, во просек минатиот месец изнесуваше 107,5 поени во споредба со 105,2 поени во ноември.

На ниво на цела 2020 година, референтниот индекс на ФАО во просек изнесуваше 97,7 поени, што е тригодишен максимум и раст од 3,1 проценти во споредба со претходната година, но сепак е над 25 проценти понизок од историскиот рекорд забележан во 2011 година.

Цените на растителното масло продолжија нагло да растат во декември, зголемувајќи се за 4,7 проценти на месечно ниво, откако во ноември пораснаа за повеќе од 14 проценти.

Житарките се зголемија за 1,1 процент на месечно ниво во декември, како резултат на повисоките извозни цени на пченицата, пченката и оризот, поради слабите приноси во Северна и Јужна Америка и Руската Федерација. Во текот на целата 2020 година, цените на житните култури пораснаа за 6,6 проценти.

Цените на млекото и млечните производи исто така се зголемија во последниот месец од минатата година за 3,2 проценти во споредба со ноември, додека на ниво на цела година тие беа за околу 1,0 проценти пониски отколку во 2019 година. Декемвриското поскапување на млекото и млечните производи беше поттикнато од силниот увоз на глобална побарувачка, како и домашната побарувачка во Западна Европа.

Месото беше поскапо за 1,7 проценти во декември во споредба со ноември, но на ниво на цела 2020 година, во просек беше поевтино за 4,5 проценти од претходната година. Цените на месото од живина најмногу се зголемија во декември поради избувнувањето на птичјиот грип во Европа, додека цените на свинското месо малку се намалија поради прекинот на германскиот извоз во Азија по избувнувањето на африканската свинска треска.

Од друга страна, цените на шеќерот останаа стабилни во декември по 3,3 проценти раст во ноември, предизвикани од влошените изгледи на родот за шеќерна репка и трска во ЕУ, Русија и Тајланд поради лошите временски услови. Во 2020 година, шеќерот поскапе во просек за 1,1 процент во споредба со претходната година.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава