Паѓа цената на становите во Скопје, расте побарувачката

Од:

Индексот на цената на становите во Скопје во последниот квартал од 2014 година бележи пад од 5,3 проценти, покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија.

На годишна основа намалувањето е 0,6 отсто. Според НБРМ, тоа е резултат на намалувањето на цената е континуираниот раст на понудата на станови.

Кумулативната вредност на станбени објекти изградени во периодот 2011-2014 е за 72 отсто повисока, период кога стартуваше проектот на државата „Купи куќа, купи стан“, во однос на периодот 2007-2010 година.

Раст има и на страната на побарувачката на станови во четвртиот квартал од 2014 година според податоците на НБРМ, ако се земе предвид растот на станбените кредити во овој период.

На Саемот за градежништво кој стартува следната недела, градежните компании најавија попусти на дел од понудата на станови кои ќе траат само за време на саемските денови.

Би можело да ве интересира

Во јануари годишен раст од 11,0% на депозитите, а 11,3% на кредитите

Европската централна банка ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења минатата година соодветствуваат со проекциите на Народната банка

ЕК формира Управувачки Комитет за СЕПА

А1он

Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата