Паѓа цената на нафтата

Од:

Нафтата се намали ценовно пред овонеделниот состанок на челниците на американската централна банка (ФЕД) и објавувањето на клучните економски податоци за најголемата светска економија.

Американската лесна нафта за испорака во септември се намали за 45 центи на 104,25 долари за барел, додека цената на еден барел северноморска нафта од типот „брент“ на берзите во Лондон паднала за осум центи на 107,09 долари.

„Претставниците на ФЕД се среќаваат оваа недека, па како и секогаш, сите очи ќе бидат насочени кон нивното соопштение во среда“, изјавил пазарниот аналитичар на „ЦМЦ Маркет“, Кени Кен, кој додал дека инвеститорите очекуваат дека на тој состанок ќе се открие временскиор рок за укинување на монетарната поддршка.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот