Пад на вредноста на фунтата пред референдумот во Шкотска

Од:

Британската фунта забележа денеска пад на својата вредност на европските и на светските берзи, откако последното истражување на „Југав“ покажа дека шкотските сепаратисти, на десет дена пред референдумот за независност на Шкотска, за првпат имаат мала предност.

Тесното водство на кампањата за независна Шкотска пред активистите кои агитираат против отцепувањето и растурањето на тривековната унија со Англија, предизвика фунтата да забележи најниско ниво на вреднист во последните десет месеци.

Ова е првпат по долгиот период на стабилизација и раст на британската економија и на фунтата, по финансиско-банкарската криза од есента 2008 година, валутата на Велика Британија да биде посериозно погодена.

Финансиски експерти објаснуваат дека нема ништо чудно и необично во регистрираниот пад на вредниста на фунатата, како и на акциите.

– Сосема разбирливо инвеститорите се исплашени од потенцијалното отцепување на Шкотска од Велика Британија, па затоа и вака реагираат на финансискиот пазар, изјави Александар Барадез, аналитичар на компанијата „АГ“.

Вкупниот пад на фунатата изнесува околу еден отсто. Нејзината вредност спрема американскиот долар сега е намалена на 1,6 долари за фунта, а спрема заедничката европска валута на 1,2 евра за една фунта. Најголем пад на вредниста на фунатата и на акциите е регистриран кај фирмите и банките во Шкотска.

„Стандард Лајф“ бележи пад на акциите за три отсто, „Ројал Банк оф Скотланд“ за 2,4 отсто, додека банкарската група „Лојдс“, која ги поседува и банката „Бенк оф Скотланд“ и осигурителната компанија „Скотиш Видоус“, денеска регистрираше пад на вредниста на акциите од 2,7 отсто.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон