Пад на извозот од 23,8 отсто во првите четири месеци

Од:

Извозот од земјава во првите четири месеци од годинава бележи пад од 23,8 отсто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика. Објавените податоци покажуваат пад и на увозот за 19 отсто.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2020 година, изнесува 1.782.502 илјади американски долари, додека вредноста на увeзената стока изнесува 2.522.698 илјади американски долари. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2020 година, изнесува 740.196 илјади американски долари. Покриеноста на увозот со извоз, изнесува 70,6 отсто.

Во овој период најмногу се извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, делови на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу биле застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – април 2020 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

A1on

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто

Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности

Предраг Петровиќ