Пад на индексите на Берзата на Волстрит

Од:

По вчерашниот најголем дневен раст на вредноста на индекси на Њујоршката берза од март 2009 година, денеска на стартот на нејзиното берзанско работење, индикаторите бележат пад.

Индексот Дау Џонс се намали за 300 поени, откако вчера забележа раст од речиси 1.000 индексни поени. Стандард енд Пурс 300 имаше пад од 1,3, а Насдак од 1,6 отсто.

Аналитичарите проценуваат дека денешниот пад е уште еден показател за последиците врз пазарите од буџетскиот спор во САД, што резултираше со делумно затворање на федералните институции на шест дена.

Инвеститорите негативно реагираа и на критиките на американскиот претседател Доналд Трамп упатени кон Управата на федералните резерви (ФЕД), но и на неговата ненадејна одлука за повлекување на американските сили од Сирија.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски