Пад на цените на нафтата поради лошите вести од Кина

Од:

Нафтата изутринава поевтини на светските берзи, како резултат на загриженоста на инвеститорите дека падот на преработувачките активности во Кина би можел да ја намали побарувачката на овој енергенс во втората по голема светска економија.

Американската лесна нафта за испорака во септември поевтини за 27 центи на 106,96 долари за барел, додека цената на „брентот“ од Северното Моте на берзата во Лондон се намали за 22 центи на 108,22 долари.

Прелиминарните податоци на банкарскиот гигант ХСБЦ покажаа дека индексот на управување со набавката (ПМИ) за кинескиот индустриски сектор во јули се намали на најниско ниво во последниве 11 месеци на 47,7 поени од јунските 48,2 поени. Индек од над 50 поени укажува на јакнење на секторските активности, а под 50 поени за нивно слабеење.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол