Пад на цените на нафтата на светските берзи

Од:

Цените на нафтата на светските берзи паднаа денеска откако големиот производител на енергенсот, Саудиска Aрабија, ги намали цените за извоз на американскиот пазар, а ги заголеми на азискиот.

Барел на американска „лесна“ нафта за испорака во месец декември поевтини на Меркантлната берза во Њујорк за 59 центи на 78,19 долари, што претставува нејзина најниска цена од јуни оваа година.

Во исто време, цената на барел северноморската нафта од типот „брент“ за декемвриска испорака на Берзата во Лондон, се намали за 69 центи на 84,09 долари.

Американската нафта вчера поевтини за 1,76 долари, а „брентот“ за 1,08 долари.

– Цените претпеа уште еден удар откако Саудиска Арабија ги намали продажните цени на нафтата за САД, веројатно со цел да и конкурира на американската нафта од шкрилци, оцени сингапурската банка „Јунајтед Оверсиз“.

Агенцијата „Дау Џонс Њусвајерс“ вчера соопшти дека Ријад ги намалил цените на енергенсот за декемвриска испорака за САД, чиј пазар бележи раст на понудата на домашна нафта од шкрилци. Саудиска Арабија, од друга страна, ја зголеми цената на нафтата што ја извезува во другите држави, вклучувајки ја и Азија.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот