Пад на цената на нафтата

Од:

На светските пазари цените на нафтата паднаа и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи понудата е поголема од побарувачката, а се проценува дека така ќе остане и следната година.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,5 отсто, на 71,12 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,2 отсто, на 67,20 долари.

Падот на цените втора недела по ред е резултат на поголемата понуда од побарувачката на нафта, имајќи предвид дека најголемите светски економии, особено кинеската, растат побавно отколку што очекуваа трговците. Токму затоа, минатата недела, на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, зголемувањето на производството повторно беше одложено, за три месеци, до почетокот на април.

ОПЕК+, кој сочинува околу половина од светското производство на нафта, планираше да го зголеми производството од октомври, но поради слабеењето на глобалната побарувачка и растот на производството на независните производители, во неколку наврати ги одложуваше плановите.

Новото одложување минатиот четврток ги поддржа цените на нафтата, но само за кратко. Веќе во петокот сите добивки беа изгубени бидејќи, според аналитичарите, одлуките на ОПЕК само делумно ќе го намалат вишокот нафта на пазарите во следната година. По одлуката на ОПЕК, аналитичарите на британската банка HSBC сега очекуваат нешто помал суфицит следната година, од 200.000 барели дневно, додека претходно проценуваа дека понудата ќе ја надмине побарувачката за половина милион барели дневно.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) неодамна процени дека во 2025 година понудата ќе ја надмине побарувачката за еден милион барели дневно поради послабиот раст на кинеската економија и постепената транзиција на камионите кон почисто гориво.

Независните производители, предводени од САД, силно ќе го зголемат производството, се проценува. „Пазарот би можел да биде урамнотежен во следната година, доколку ОПЕК + уште еднаш го одложи зголемувањето на производството, што не е исклучено“, сметаат аналитичарите на HSBC Global Research.

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток