Озборн: Преговорите меѓу Грција и еврозоната се во критичен момент

Од:

Преговорите меѓу Грција и еврозоната се во критичен момент, предупреди денеска британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.

При пристигнувањето во Брисел за средбата на министрите за финансии од ЕУ тој ги повика европските колеги „да изберат компетентност, а не хаос“.

– Доаѓаме до критичен момент за Грција и еврозоната и ги повикуваме сите страни да постигнат договор, бидејќи во спротивен случај ќе има тешки последици за економијата и финансиската стабилност, рече Озборн по неуспехот на вчерашната средба на Еврогрупата, на која требаше да се отвори пат за продолжување на грчкиот спасувачки план.

Еврогрупата и даде рок на Грција до петок да се согласи да и биде продолжена спасувачката програма, која завршува на 28 февруари, но грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изрази надеж за можно постигнување согласност за 48 часа.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он