А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Економија

Откупот на тутунот не е интензивиран, компаниите тактизираат

by А1он24/11/2025 - 14:00102
Share0

Откупот на тутунот сѐ уште не е интензивиран. Дури осум од десетте компании сѐ уште не го почнале откупот на тутунот. На теренот се само Прилепскиот комбинат и малата компанија „Кавекс“ од Неготино. Ниту од Сојузот на земјоделски здруженија не знаат зошто откупувачите молчат и тактизираат.

Добивај вести на вибер

Од Министерството за земјоделство потврдуваат дека за утре во Министерството е закажан состанок со компаниите за откупот на тутунот.

-Досега никоја од компаниите не известила кога ќе почнат со откупот, ниту знаеме зошто молчат и тактизираат. Тутунарите почнуваат да се прашуваат што се случува, се создава притисок, неизвесност, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Откупувачите ги користат законските можности со кои имаат рок до 15 декември да ги отвортат пунктовите. Токму ова иницира да се бара во законските измени прецизен датум за почеток на откупната кампања.

-Сакаме со продолжувањето со изработката на Законот за тутун, да го внесеме првиот и последниот ден на почеток и крај на откупот. Односно, откупот на тутунот да почне на 1 декември и да тре до 28 февруари. Досега е дадена можноста компаниите да може да почнат од 15 ноември и со краен рок да ги отворат пунктовите до 15 декември. Вака компаниите тактизираат со почетокот на откупот, објаснува Ристески.

Поради притисокот што се создава, Прилепскиот тутунски комбинат денес ќе откупува само во градскиот пункт и во Радовишко. Од утре и во населените места.

Годинашнава реколта тутун се проценува на 22 000 до 24 000 тони со висок квалитет. Двете компании досега презеле околу 300 тони тутун по просечна цена од 420 денари.

otkup na tutun

Би можело да ве интересира

Почнува откупот на тутунот

А1он09/11/2025 - 17:14

Откупот на тутунот продолжи, производителите повторно се жалат на нереална проценка

Катерина Ѓуровски14/12/2020 - 10:44

Димковски: Откупени се сите количества тутун од ланската реколта, а државата ќе исплати вкупно 31 милион евра субвенции

А1он29/02/2020 - 13:4129/02/2020 - 13:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен