Откриена измама во Царина: Подметнати 43 милиони лажни акцизни маркички

Од:

Откриена е голема измама во царина. 43 милиони неоригинални акцизни маркички, фирмата производител се обидела да и ги подметне на Царинската управа.

Според анализите во МВР, маркичките не ги содржат основните заштитини елементи и обележја Тие се наоѓаат во трезорот на Народната банка.

Повеќето се акцизни маркички за тутун и тутунски производи, но има дел и за алкохолни пијалаци. Отпечатени се 115 милиони, а за нивната изработка што била три до четири пати поевтина, фирмата заработила околу 9,5 милиони денари. За случајот е поднесена соодветна пријава, но уапсени нема, соопшти денеска директорот на Управата Ванчо Каргов,

„Покрај овие 43 милиони за кои е потврдено дека не се оргигинал, Царинската управа пронајде уште 6,5 милиони такви маркички во магацините на фирмите кои, незнаејќи веќе ги набавиле“, рече на прес-конференција директорот Ванчо Каргов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи