Откажан најголемиот саем за мобилни телефони во светот поради коронавирусот

Од:

Најголемиот саем за мобилни телефони во светот, “Мобајл ворлд конгрес” е откажан поради коронавирусот.

Извршниот директор на организаторот Џон Хофман изјави дека ширењето на епидемијата го оневозможува одржувањето на настанот, кој беше на програмата од 24 до 27 февруари во Барселона.

Земајќи го предвид безбедното и здраво опкружување во Барселона и земјата домаќин, “ГСМА” го откажа Саемот “Барселона 2020” затоа што глобалната загриженост за појавата на коронавирусот, патувањата и други околности оневозможува одржување на настанот.

Нашите мисли се со оние кои се погодени од вирусот во Кина и ширум светот , рече Хофман, пренесува “Врџ”.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени